Македонија плаче! Денес ќе биде погребана младата Фросина Ќулакова, која пред три дена беше прегазена на „Партизанска“. Денес, на ден на погребот, ќе се одржи протест на местото каде што таа го загуби животот.
До кога ќе се губат млади животи, поради несовесни возачи, кои понатаму или нема да бидат казнети или, пак, ќе добијат мала казна. До кога ќе живееме во вакво опшество е само едно од прашањата, кое ќе биде поставено на протестот и ќе се побара одговорност од институциите.
Но, овој ден на протест, смртта на Фросина не потсети на уште два вакови трагични настани, во кои поради дивеење на несовесните изгубивме три млади животи.
Последен и се уште траоерн случај е Фросина Кулакова од Неготино, која ја прегази Васил Јованов, 20 годишно подивено момче, кое според досегашните инормации, прави прекршоци и ужива во слободата, бидејќи судот место да го казни го милува. Тој возел со 130 километри на час, бил пијан, а бил казнуван и за други сообраќајки и за дрога. Наместо да биде во затвор, тој бил пратен во поправен дом иако е полнолетен.
Се уште се свежи раните од загубата на Викторија Николова од Радовиш, која на „Партизанска“ во 2022 година ја усмрти Јордан Ѓеорѓиев. Јавноста беше згрозена од одлуката на судот тој да добие казна од само три години затвор, правдајќи ја одлуката со тоа што го признал делото, имал само 23 години и дека не бил осудуван.
Се протестираше и тогаш за поголема безбедност во сообраќајот, но место тоа денес жртва е Фросина Кулакова.
Шок и неверување дека згасна млад живот на „Партизанска“ имаше и во 2015 година, кога поради пијан возач згасна животот на Фросина Цековска од Крива Паланка, која тогаш имаше само 20 години. Неа ја прегази Љубиша Видојковиќ, кој бил пијан со 1.23 промили алкохол во себе и возел со брзина од 85 километри на час. Тој беше казнет со казна затвор од шест години и шест месеци. На крајот на судењето им се извини на родителите.
Ќе проработи ли совеста и ќе биде ли Фросина последната жртва од дивеењето на несовесни возачи и неказнивоста на судот? На овие прашања одговори ќе даде времето, почнувајќи од денес, кога на протест ќе се побараат одговорните кои го дозволиле ова.