Ужас се случил на фарма во Славонија. Неколку лица се уапсени под сомнение дека силувале домашни животни и кучиња. Тие сега се во истражен притвор. Дневникот на Нова ТВ дознава дека еден од осомничените е вработен во судот.
Зад затворените врати на славонската штала се одвивал вистински ужас. Тројца мажи се осомничени за сексуално злоставување животни. Како што дознава Дневникот на Нова ТВ, тие малтретирале кучиња, кокошки, свињи и телиња.
„Истражниот суд им одредил мерка притвор поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело убивање и мачење животни. Одредена им е мерка притвор поради страв или опасност дека ќе го повторат кривичното дело доколку се слободни“, изјавил Ведран Павелиќ, судија на Жупанискиот суд Славонски Брод и портпарол.
Еден од осомничените веќе е во истражен притвор поради сомнение дека сексуално злоставувал малолетник. И тогаш инспекторите откриле дека тој и уште двајца мажи учествувале во сексуална злоупотреба на животни.
Мажите се на возраст од 45, 55 и 75 години. Сè се случило на фарма во областа Бродско-Посавинска жупанија.
„Најпрвин истражниот судија утврди основано сомнение од мобилниот телефон на еден од учесниците. Што се однесува до кривичното дело, тоа е казниво со затвор до две години“, додаде Павелиќ.
Како што дознава Дневник на Нова ТВ, еден од осомничените е нискорангиран вработен во судот во Славонски Брод. Неофицијално дознава дека мажите на фармата се осомничени дека организирале силувања и за други мажи.
Мештаните се шокирани. „Шокиран сум. Страшно е, секој што не сака животни не ги сака ни луѓето“, вели Антун.
„Мислам дека нема казна за ова, тоа е нешто страшно, ужасно, навистина не знам каква би можела да биде казната, но тоа е ужасно“, изјави Љерка.
Од Здружението „Пријатели на животните“ велат дека двегодишната казна е прекратка. Тие бараат построга казна.
„Она што е важно е да се вклучат превентивни мерки за следење на овие луѓе, бидејќи логично е дека тие нема да застанат на животните, така што и децата се изложени на ризик. Очигледно е дека затворската казна, особено вака ниската, нема да спречи да не го повторат злосторството кога ќе излезат од затвор.Тоа е едноставно доживотна опасност за општеството“, рече Лука Оман, претседател на Здружението.
Ваквите случаи, вели, тешко се откриваат. Животните не можат да повикаат полиција, не можат да се жалат, не знаеме што им се случува некаде во некои штали далеку од судството, далеку од судовите“, рече тој.
Животните од славонската фарма биле згрижени во засолништа. Таму пристигнале со повреди. Додека се опоравуваат, тројцата мажи ги чекаат судскиот епилог од оваа потресна приказна, пренесува дневник.хр.