СВР Охрид информираше за трагичен настан во близина на Кичево.
-На 29.01.2025 во 13.20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека З.Т.(51) од Кичево, при извршување работни задачи на дел од автопатот Кичево-Охрид, кој е во изградба, паднал и починал. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево, а увид извршиле полициски екипи и трудов инспектор. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.