Тексашката полиција покрена истрага против маж од Порт Артур откако на социјалните мрежи се појави необично видео, во кое 25-годишен маж чисти снег од автомобил и шофершајбна со тримесечно бебе, пренесува Дејли Мејл.
Снимката е снимена на 21 јануари, по снежното невреме во овој дел на Тексас. Видеото е избришано од ТикТок, но не пред адвокатот да ги извести властите.
Се верува дека маж облечен во темни панталони и бела маичка го држи својот син и го „трие“ од предното и задното ветробранско стакло за да го отстрани снегот.
Началникот на полицијата во Порт Артур, Тим Дурисо, вели дека тие истражуваат заедно со службите за заштита на деца. Засега е утврдено дека таткото не бил сам за време на снимањето, а неговиот идентитет не е соопштен.
-До него имаше две жени, а се сомневаме дека едната е мајката. Тримесечното дете е добро и се уште е со родителите – рече тој.
Дурисо истакнува дека ова е „тажна ситуација“.
„Знам дека многу луѓе одат на социјалните мрежи барајќи кликови, но ова не е ситуација во која треба да ставите бебе на шофершајбната“, рече тој.