„Здраво, јас сум Бести и со мене никогаш повеќе не си сама! “ – вака гласи пораката на иновативната и инспиративна кампања на dm drogerie markt која не само што ја осветли важната тема за менструална хигиена, туку и ја подигна свеста за менструалната правда во нашата земја. Со донација на повеќе од 200 диспанзери минатата година и повеќе од 100.000 хигиенски влошки на сите државни факултети, dm покажа дека грижата за жените и нивното здравје е приоритет. Оваа година, тие продолжуваат со полна пареа со снабдување на универзитетите со нова количина од речиси 130.000 хигиенски влошки од приватната марка Jessa за новиот семестар. Со ова, вредноста на овој проект досега изнесува речиси 2 милиони денари.
„’Никогаш повеќе сама’ за нас е многу повеќе од само кампања. Во светот каде што многу жени се соочуваат со предизвици за пристап до основни хигиенски производи, оваа иницијатива стана светло на надеж. Таа поттикнува свест за важноста на менструалната хигиена и создава безбедно опкружување за сите жени. Секој диспанзер не е само донација на хигиенски влошки, туку и симбол на поддршка, солидарност и разбирање.’’ – изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.
Покрај поставувањето на диспанзерите, оваа иницијатива беше збогатена со многу различни активности досега. Едукацијата е неизоставен дел од секоја кампања на dm, па така и од оваа – информираноста на жените за менструацијата и менструалното здравје е исклучителна компонента на која посветуваат огромно внимание. Па така, организацијата на 2 панел-дискусии на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и „Гоце Делев“ во Штип, посветени на женското здравје придонесе за подигање на свеста и разбирањето за важноста на менструалното здравје. За оваа цел, тие вклучија стручни лица кои активно работат на овие теми, нудејќи совети и образовни содржини. Тие се тука за да ги поддржат жените со информации и ресурси, што е клучно за разбирањето и управувањето со менструалното здравје.
Од друга страна пак, забележителни се и реакциите кои покажуваат дека многу жени се охрабрени да зборуваат за своите искуства. Имено, Снеже Велков и Цеце Николова зборуваа отворено за тоа како менструацијата ги следела во текот на студентските денови, додека пак голем број на инфлуенсери се приклучуја на Red Outfit предизвикот – односно облекоа црвено во знак на поддршка за менструалното здравје. Интервјуата кои Бести ги правеше со некои јавни личности, добија посебно место во нашите срца бидејќи беа поставени и одговорени многу интересни прашања кои допираат длабоко во коренот на оваа тема, а рубриката ,,Бести истражува“ ни ги отвори очите за многу информации кои досега не ни беа познати.
Покрај тоа, од компанијата велат дека се презадоволни од медиумскиот одзив на кампањата. Пораките и активностите на „Никогаш повеќе сама“ добија широк публицитет, што дополнително ја зголеми свеста и иницираше разговори во јавноста.
„Никогаш повеќе сама“ е иницијатива која инспирира, охрабрува и обединува. Затоа, запомни: Никогаш не си сама – Bestie е тука за тебе, а dm е тука за вас обете. Заедно, можеме да направиме разлика и да создадеме свет во кој секоја жена има пристап до основните хигиенски производи и може да се чувствува слободно и достоинствено.