СВР Охрид информира за тепачки во болниците во Охрид и Струга.
-На 24.01.2025 во 13.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни обврски. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид и додаваат:
-На 24.01.2025 во 09.00 часот во ОВР Струга е пријавено дека во кругот на Општата болница во Струга, едно лице го нарушило јавниот ред и мир со физички напад врз Б.К.(58) од струшкото село Велешта. По целосно расчистување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во информацијата.