Треба да се расчистат одредени митови во јавноста за присуството на премиерот Христијан Мицкоски на инаугуративните настани на новиот американски претседател Доналд Трамп. А тоа е дека Мицкоски беше на платен бал, платена вечера, на која за да се присуствува, столче чини 15.000 долари, преку ПР лоби службите. Ова во емисијата „Стадион“ на Канал 77 го кажа Ивана Јордановска, докторантка во Универзитетот во Јужна Каролина.
-Да, навистина Мицкоски беше на еден од баловите по повод инагурацијата, но тоа е платена вечера – треба да платиш да присуствуваш. Тоа е донатароска вечера и би било интересно да се види колку чинела оваа вечера. Кои се ефектите? Со кого се сретнале? Дали има ефект? Затоа што ако навистина Мицкоски има плателно, а јас верувам дека тие пари не се негови лични пари, туку се пари од нашиот буџет. Доколку има платено 15.000 долари за столче на тој бал ,ние тоа треба да го знаеме и тоа треба да биде оправдано зошто и како се имаат потрошено тие пари. Мицкоски не беше таму на покана на Доналд Трамп. Мицкоски беше таму преку ПР лоби службите, коишто, претпоставувам, ги немаме информациите, дека е платено од нашиот буџет. Така што, тоа се работи кои што треба да ги расчистиме. Доколку тоа има некако придонесено со нашата држава, тоа е одлично, изјави Јордановска.
Во однос на прашањето како Македонија ќе биде третирана од страна на новата американска администрација на Трамп, Јордановска укажува дека треба да бидеме свесни и реални за големината, значајноста и парите кои една држава како Македонија ги има.
-Ние не можеме да бидеме од голем интерес на новата американската администрација. Оваа администрација не се води од одредени морални вредности, а тоа е дека секоја држава да биде почитувана, туку се води од тоа колку пари имаш. Не смеее да се залажуваме. Од друга страна ЕУ има уникатна шанса – не само да биде лидер на различни вредности од она што Трамп го пропагира, туку и да се посвети малку интерно на создавање на подобрар функционален систем на самата ЕУ. ЕУ секогаш напреднувала во својата интеграција кога била соочена со кризи и ова е одличен момент тоа да се случи, рече Ивана Јордановска.
Според докторантката, за Македонија и македонските граѓани ќе биде важно што ќе се случи на изборите во Германија следниот месец и дека ќе ги следиме основните принципи како човекови права, борба против корупција, демократијата, додека умилкувањето кон Трамп не не’ води кон тој правец.