Магистерот по џез и директор на штипскиот Фестивал за детски песнички „Весело Штурче“, Филип Стевановски, е именуван за нов директор на НУЦК Ацо Шопов – Штип, кој доаѓа на позицијата на досегашната в.д. директорка, Кристина Атанасова Арсова, која го замени Горан Трајков на 15-ти јули минатата година.
Филип Стевановски е познат кај штипската и македонската музичка публика и е истакнат во својата продуцентска и композиторска дејност.
Минатата особено актуелен беше со новитетот на штипскиот фестивал на забавна музика Макфест, на кој за првпат имаше оркестар, кој ги свиреше мелодиите на изведувачите, а кој предводеше токму Стевановски.
Досегашната директорка се враќа на својата претходна позиција како актерка во штипскиот народен театар.
(М.К.)