Во Хрватска денеска се спроведува бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените, врз основа на иницијатива која започна од Фејсбук групата „Здраво, инспектори“, а која е поддржана од Европскиот центар на потрошувачи Извонредност (ECIP). Во меѓувреме, бојкотот го поддржаа здруженијата за заштита на потрошувачите, синдикатите, политичките партии, па дури и самиот министер за економија Анте Шушњар.
Оваа иницијатива започна со пораки кои беа споделени на социјалните мрежи во изминатите неколку дена, со повик до граѓаните денеска, на денот на ојкотот да не купуваат ништо.
„Осигурете се за тој ден како да е недела“, се вели меѓу другото во тие пораки.
„Нивото на цените и нивото на приход се две страни на иста монета што го одредува животниот стандард во земјата“, велат од Независните хрватски синдикати (НХС).
И претставниците на опозицијата најавија дека ќе го поддржат бојкотот на продавниците во петок, на кој беа поканети граѓаните, нагласувајќи дека додека инфлацијата ги пустоши граѓаните, власта ги жнее придобивките од незаузданата инфлација во буџетот, а трговците се збогатуваат на маргина, па тоа е всушност бојкот поради непостапувањето на Владата.
Во Хрватска, потрошувачките цени во декември минатата година пораснаа за 4,5 отсто во споредба со истиот месец во 2023 година, што е нивен највисок раст од мај. Хрватска со тоа, е меѓу трите земји на ЕУ со највисока инфлација , зад Романија (5,5 проценти) и Унгарија (4,8 проценти). Годишната стапка на инфлација во ЕУ во декември минатата година изнесуваше 2,7 отсто, а во еврозоната 2,4 отсто, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Извор: Агенции