Новиот американски претседател Доналд Трамп во своето прво интервју за американските медиуми по инаугурацијата не ја исклучи можноста неговиот претходник Џозеф Бајден да се најде под лупа на истражните органи во наредниот период.
Во интервју за Фокс њуз, тој ја критикуваше одлуката на Бајден да ги помилува членовите на неговото семејство при крајот на неговиот претседателски мандат, вклучително и неговиот син Хантер, против кого се водеа две кривични дела за затајување данок и нелегално поседување оружје, како и многу други поединци, нарекувајќи го тоа „политички мотивиран чин“.
-Овој човек одеше наоколу давајќи им помилувања на сите, а, знаете, смешното, а можеби и тажното е што тој самиот не се помилува. И ако погледнете, сето тоа беше поврзано со него“, рече Трамп.
На прашањето дали би сакал американскиот Конгрес да го испита Бајден, шефот на кабинетот на Белата куќа одговори дека ќе му дозволи на законодавниот дом да ја донесе таа одлука, пренесува новости.рс.