На денот на инаугурацијата на 47-от американски претседател, додека светските лидери славеа во гламурозна атмосфера, се случи момент кој интернетот ќе го памети – не поради историското значење на настанот, туку поради фотографијата на која навидум се гледа Цукерберг „фрла око“ во деколтето на Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос, заборавајќи каде се наоѓа.
E o Mark Zuckerberg que mandou um olhar nas laranjas da esposa de Jeff Bezos, Lauren Sánchez, durante a incrível posse de Donald Trump. Acho que vai virar meme.
Apoie o meu trabalho pelo pix [email protected] pic.twitter.com/ODpyylsRSJ
— Área Militar (@areamilitarof) January 20, 2025
Само 24 часа откако „незгодната“ фотографија стана вирална на социјалните мрежи, Цукерберг повторно успеа да привлече внимание. Овој пат – со кликнување на срце. Имено, Лорен Санчез, откако се појави во бела јакна и градник, која инспирираше бројни модни дебати, објави слика од настанот, а Цукерберг не одолеа – стави лајк.
ZUUUUCKKK NOOOOO LIKES ARE PUBLIC ON INSTAGRAMMMM pic.twitter.com/X5h4bNKtay
— Daniel (@growing_daniel) January 21, 2025
И тука започнува лавината од коментари: „Зак, пријателе, лајковите на Инстаграм се ЈАВНИ!“, „Жена му сега ја гледа историјата на лајковите. Држете му среќа“, „Марк, брат, користи лажен профил за вакви работи“.
Фотографијата која веќе беше вирална, доби нова димензија. Мемињата летаа насекаде: од Цукерберг кој кодираше алгоритам за криење лајкови, до хумористични монтажи за тоа како Безос сега ќе го прекине својот Амазон Приме.
Додека едни истакнаа дека тоа е класична грешка на „човечкото око“, други го нарекоа „дигитален воајер“.