Познато е дека Меланија Трамп е дама со префинет вкус за модата и актуелните трендови.
Покрај тоа што на инаугурацијата привлекуваше внимание со бел фустан со црни детали потпишан од американскиот дизајнер Харви Пјер, љубопитните ја забележаа и бојата на нејзините нокти.
Имено, првата дама за свечената пригода го избрала најновиот тренд во светот на маникир, а тоа се глазирани нокти кои одат со секој аутфит.
За да се постигне оваа специфична боја се користат светли и нежни нијанси на лак – главно лак во прав розев, бел, но и лак во беж.
Кога ќе се нанесе првиот слој од еден од горенаведените лакови, се додава втор слој, односно проѕирен лак, а може да биде и пенлив проѕирен лак.
Станува збор за боја која го нагласува природниот изглед на ноктите, а овој тренд го доби името „”Soap Nails” или во превод-сапун нокти, пренесува суперженаБ92.