Пожар избувна денеска во хотел во популарен турски ски-центар во централната провинцијата Болу, при што загинаа 10 лица, а 32 беа повредени, соопшти министерот за внатрешни работи.
Пожарот во хотелот во ски-центарот Карталкаја избувна во 3:27 часот (0027 GMT), објави Али Јерликаја на X.
Bolu Kartalkaya Kayak Merkezi’ndeki Grand Kartal Oteli’nde çıkan yangında ölü sayısı 6’ya yükseldi, 31 yaralı var.
Yarıyıl tatili nedeniyle yüzde 90 dolu olan otelde 237 kişi vardı.
Yangın 4. kattaki restoranda başladı. #Bolu #Kartalkaya #GrandKartal pic.twitter.com/khwg2Yi5w6
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Гувернерот Ајдин за дописникот наагенцијата Анадолија изјави дека, според првите извештаи, пожарот избувнал на првиот кат, во ресторанот на хотелот околу 03:30 часот.
Гувернерот Ајдин, кој изјави дека пожарот се проширил од ресторанот, изјави дека при пожарот загинале две лица.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
“Две лица загинаа кога во паника скокнале од прозорецот на хотелот. Едниот бил вработена во хотел, а другиот гостин. Се работи на идентификација на третото лице. Продолжува интервенцијата за гаснење на пожарот”, изјавил Ајдин.