Четирите години од владеењето на Бајден денеска официјално се зад него. Експертите ќе зборуваат за успехот на мандатот, грешките и добрите страни, но Џо остави зад себе и доста гафови кои често беа предмет на дискусија, пренесува 24сата.хр.
Еден од најзначајните гафови се случи на самитот на НАТО кога Бајден го претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски како „претседател Путин“.
За време на дипломатските состаноци, Бајден го помеша и поранешниот француски претседател Митеран (кој почина во 1996 година) со сегашниот претседател Макрон. Покрај тоа, тој му се обрати на британскиот премиер Риши Сунак со „г-дин претседател“ и го помеша Египет со Мексико за време на дискусијата за блискоисточната криза.
Тој го доби прекарот „заспаниот Џо“ откако едноставно дремеше на неколку конференции и состаноци.
А освен што ги заборави имињата на Хамас, тој го измеша и името на својата потпретседателка Камала Харис со Доналд Трамп.
some top Democrats have privately been saying for months that they’re nervous about Biden tripping again on the trail. Today he did—>
pic.twitter.com/bZIBvHUVfN
— Alex Thompson (@AlexThomp) June 1, 2023
Бајден исто така падна од својот велосипед во близина на неговиот дом во Делавер, падна по скалите додека се качувал на Air Force One, падна преку вреќа со песок за време на церемонијата на дипломирање во Академијата на воздухопловните сили.
Администрацијата честопати беше принудена да ги објаснува гафовите на претседателот, понекогаш тврдејќи дека тие биле извадени од контекст или резултат на неговиот долгогодишен проблем со пелтечење.