Нема жртви, нема повредени, сите се живи из драви, а тоа е најважно, рече за ММС Невенка Јанеска, сопственичката на Домот за стари лица во селото селото Чемерско, кавадаречко, каде утрово изби пожар.
-Од оџакот се запали, а тоа е на третиот кат. Веднаш повикавме пожарникари, брза помош и полиција, но фала му на Бога се е во ред. Сите луѓе беа на долните катови, немаше никој на третиот каде, каде се запали оџакот, рече Јанеска.
Таа за ММС рече и дека во домот имало лица претежно од Кавадарци, па со возилата на брза помош превезени се до болницата од каде ќе си ги земат нивните најблиски. Остатаните, кои не се од Кавадарци ќе бидат сместени во хотел на роднина на сопствениците на домот.
Во Домот имало 30 лица, од кои 19 стари, а пет и неподвижни. Информацијата ја потврдија и од ЦУК.
-Според првите информации прво се запалил оџакот, а од него кровот на домот. Во истиот Дом биле сместени 30 постари луѓе од кои пет биле неподвижни. Но, сите се живи и безбедно извлечени од објектот што бил зафатен од пожарот и ке бидат евакуирани во општата болница во Кавадарци. Во моментот кога е известен ЦУК, имало потреба од дополнителни возила од ИМП Велес за транспорт на лицата коишто неподвижни во лежечка положба, па се координираше со ИМП Велес преку РЦУК Велес, да бидат упатени кон селото Чемерско за да помогнат во транспортот, информираат од ЦУК.