Во денешното гостување во емисијата Стадион на Канал 77, Бојан Трипуноски од УПОЗ зборувајќи за барањата на административците и актуелните протести нагласува дека треба да се прави разлика меѓу начинот на кои тие протестираат и типичниот штрајк. Вели дека се отворени за дијалог но дека ќе пристапат и кон поднесување тужби доколку во догледно време не се понудат решенија за нивните барања.
- Во Владата најверојатно некој лошо советува или сака да доведе до забуна во јавноста така што не се разликува што е протест а што штрајк, истакнува Трипуноски додавајќи дека доколку членовите во Синдикатот понатаму побараат протестите да преминат во штрајк, тоа и ќе биде направено.
Секогаш сум за дијалог и за изнаоѓање решение, вели и претставникот на синдикалното здружување на вработените во министерството за култура, Бранко Костовски.
- Штрајкот е секогаш последниот законски механизам, меѓутоа јас сум убеден дека секогаш за било што има решение, нагласува Костовски.
Доколку не се изнајдат соодветни решенија за барањата на административците, Синдикатот најавува тужби особено во делот на дискриминација на вработените, сепак како што вели Трипуноски даваат шанса на дијалогот а потоа ќе се разговара за идните чекори кои ќе се преземаат
Бојан Трипуноски од УПОЗ и Бранко Костовски од синдикатот на вработените при министерството за култура, во најновото издание на Стадион на Канал 77. Разговорот во целост следете го на линкот подолу: