Веста дека француската дизајнерка Ен (53) станала жртва на измама во која изгубила 830.000 евра, верувајќи дека му помага на актерот Бред Пит, го обиколи светот, по што се огласи и самиот актер, пренесува мондо.рс.
А во меѓувреме било откриено каде се наоѓа измамникот, но и дека не престанал со крадење слики на познатите.
Big story in French news today: A 53-year-old woman was scammed out of €830,000 by someone posing as Brad Pitt who said he was in love with her. She divorced her husband, gave her settlement to the scammer later to realize that it was fake when she saw Brad with his new girl… pic.twitter.com/FBqhxJT3J7
— KV Iyyer – BHARAT 🇮🇳🇮🇱 (@BanCheneProduct) January 14, 2025
Тој моментално е во Нигерија претставувајќи се како уште една холивудска ѕвезда, но исто така повторно користел лажни „селфи“ и пораки генерирани од вештачка интелигенција за да ја стекне довербата на новите жртви.
A woman in France was scammed out of €830,000 after believing she was in a relationship with Brad Pitt.
These are the photos she received, allegedly from Brad Pitt, that convinced her. pic.twitter.com/DHZklWbUDj
— The Oscar Race (@TheOscarRace) January 13, 2025
Организацијата „”Find My Scammer” успеала да го открие идентитетот на измамникот, кој делува како дел од група од три или четири лица. Сите собрани докази се предадени на нигериските власти и Интерпол. Истрагата покажала дека, покрај Ен, биле измамени уште најмалку 30 лица.