Пејачката Ана Бекута на 17 години, како средношколка, го роди синот Игор. Никогаш не криела дека откако рано станала мајка, поминала низ тешки моменти, кои за среќа успеала многу брзо да ги преброди. Успеала и на својот син да му обезбеди безгрижно детство и нормален живот, пренесува курир.рс.
„На седумнаесет години имав здрава и зрела одлука да родам дете, што и да се случува на овој свет. Бев малолетна, односите во семејството, селото, околината не беа одлични. За да се смири ситуацијата, го дадов Игор во дом. Остана таму осум и пол месеци, одев да го видам на секои десет дена и се враќав. Дури кога се среди ситуацијата во семејството, кога на мое инсистирање родителите се согласија да се вратам дома со Игор. Беше мај, а во септември наполнив 18 години. Игор стана миленик на семејството, а јас созреав на седумнаесет години, моминството ми беше заменета со пелени и чување на дете. И двајцата бевме незрели и таа врска не заврши со брак. Раѓањето на Игор ја забрза одлуката да се занимавам со музика. Да се породив една деценија порано, можеби ќе бев изгорена како вештерка или барем протерана. Ме сметаа за глупава зошто „тоа“ не го убив на време“, изјави на времето Ана.
Пејачката не крие колку е горда на својот наследник. Ана е исклучително приврзана за внуците, децата на Игор Соња и Бранко, кои во се ја поддржуваат нивната баба.