Пејачката Јелена Карлеуша денеска се огласи на Инстаграм и ги сподели тврдењата во врска со сопругот на популарна пејачка, чиј идентитет не сакаше да го открие.
Јелена напиша дека сопругот на пејачката понекогаш барал да се затвори сплав и барал менаџерот задолжен за „Звезде Гранда“ да му носи пејачки, пренесува mondo.rs.
„Познат сопруг на уште попозната пејачка ќе го затвореше сплавот и ќе ги замоли менаџерите кои беа задолжени за младите ѕвезди на „Гранд“ да донесат млади пејачки, некои едвај полнолетни, да пеат само за него, неговиот син и неколку другари, во 5, 6, 7 сабајле. На многу од нив пијан им се „пуштал“. Тие морале да се согласат затоа што тка пишувало во нивните договои. Не можеа да бират каде и кога ќе пеат. А кој ќе одбие, нема да има повеќе настапи и ќе биде казнет“, напиша Јелена и додаде:
„Сопругот на пејачката, дебел и постојано пијан лик, покрај сите други пејачи со кои отворено ја изневерувал сопругата, имл пик и во Милица. И тој и неговиот син. Едно утро ја побарале да дојде да и пее на пијаната екипа заклучена на сплав, но Милица се осмелила да одбие, иако ѝ рекле дека и ја затворила вратата. Место неа отишла друга, подготвена да направи се за да успе. Така таткото за неговиот син дебил имаше „златна прасе каса“, како што имаше и тој. Милица со години имаше многу проблеми поради нејзината непослушност, но јас сум горда на нејзиниот храбар и чесен пат“, напишала Јелена, не сакајќи да прецизира за кого станува збор.