Дизајнерката Ен стана жртва на измамници кои и изнудија 830.000 евра, лажно претставувајќи се како Бред Пит.
Нејзината приказна го обиколи светот, а сега се огласи и познат актер.
Тој ги предупреди своите обожаватели за ваквите измами со помош на вештачка интелигенција, пренесува еспресо.рс.
„Ужасно е што измамниците ја злоупотребуваат силната врска што фановите ја имаат со познатите личности. Не одговарајте на такви пораки, особено од актери кои воопшто немаат присуство на социјалните мрежи“, рече тој преку неговиот портпарол, според Индипендент.
Ен изјави за ТФ1 дека првпат ја контактирала некоја што се претставувала како мајка на Пит, веднаш откако почнала да користи Инстаграм за прв пат додека била на скијање со своето семејство во Франција.
„Ми рече дека на нејзиниот син му треба некој како мене“, објаснила Ен.
Измамниците и испратиле порака неколку дена подоцна, овој пат претставувајќи се како Пит.
„На почетокот си реков дека е лажно, смешно“, објасни Ен за ТФ1.
Но, јас не сум навикната на социјалните мрежи и навистина не разбирав што се случува со мене“. Се прашувам зошто ме избраа да направам такво зло, продолжи таа. „Никогаш не сум повредила никого. Овие луѓе заслужуваат пекол“. рече повредена Ен.