Штип бележи минимален раст на новозаболени од грип од само 22 случаи, што според Центарот за јавно здравје претставува низок интензитет на вирусот на грип со регистрирана спорадична активност.
Според возрасни категории, од 22 заболени лица, 17 се на возраст од 15 до 64 години, четири лица се над 65 години, едно лице е дете на возраст од 5 до 14 години, а нема пријавен случај на грип кај деца на возраст од 0 до 4 години, за кои впрочем, грипот е и најопасен.
Од Центарот за јавно здравје наведуваат дека е забележано зголемување на бројот на заболувања слични на грип, но кое сè уште е под неделната граница за сезонска активност.
– Заклучно со втората недела од 2025 година, во општина Штип пријавени се вкупно 40 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, се додава во соопштението од Центарот за јавно здравје-Штип.