Стјуардесата Неле Диала скапо го „плати“ тверкинг танцот што го направи во авион на Алјаска ерлајнс. Авиокомпанијата веднаш реагираше со отказ откако го објави соодветното видео на социјалните мрежи. Дијала го објави видеото со цел да го прослави вработувањето како стјуардеса по шесмесечниот период на обука.
„Гето до смрт, не дозволувајте униформата да ве залаже“, е насловот на видеото што младата стјуардеса, го снимила видеото додека го чекала пилотот кој доцнел два часа.
Меѓутоа, авиокомпанијата не го ценела видеото и на тој начин решила да ја отпушти само шест месеци од потпишувањето на договорот со стјуардесата.
Таа, сепак, верува дека не направила ништо лошо.
„Веќе не можете да бидете свои без луѓето да се вознемират. Што не е во ред со малку тверк пред да започне работата?! Луѓето се однесуваат како никогаш да не го виделе ова“, напиша таа во другите објави.
Во исто време, сепак, таа отвори страница на платформата GoFundMe за собирање пари додека повторно не најде работа, пишувајќи: „Никогаш не мислев дека еден момент ќе ме чини се’. Губењето на мојата работа беше катастрофално“.
Неле Диала на платформата GoFundMe на почетокот на акцијата собра 261 долар.
Извор: protothema.gr