Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва соопшти дека се уште не е постигнат договор за прекин на огнот со Хамас и дека некои детали се уште не се конечно решени.
Во соопштението се изразува надеж дека „деталите ќе бидат финализирани вечерва“.
Претходно, многу посредници изјавија дека Израел и Хамас се договориле за прекин на огнот во Газа и ослободување на десетици заложници по повеќе од 15 месеци војна. МИА