Албанскиот премиер Еди Рама и приредил спектакл на италијанската премиерка Џорџа Мелони на форумот во Абу Даби.
Мелони денес полни 48 години, добила роденденско изненадување од Рама.
Како што може да се види на видеото кое кружи на мрежата Х,со оглед на тоа што Еди Рама е многу висок, па клекнал на колена пред неа и и подарил шал.
Edi Rama – Giorgia Meloni – Abu Dhabi – Birthday gift pic.twitter.com/GvGktJu1c9
— News video (@Newsvideo13) January 15, 2025
Рама објаснил дека шалот е направен од италијански производител кој се преселил во Албанија.
Рама се обиде да ги натера новинарите заедно да пеат „танти аугури“ (среќен роденден) за Мелони, но таа рекла: „Не ги срами“.