Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен призна дека никогаш нема да си прости што го исфрлила нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен од партијата. Марин Ле Пен ја презеде функцијата шеф на Националниот фронт во 2011 година и брзо презеде чекори за да ја направи партијата поприфатлива за мнозинството електорат. Таа ја спроведуваше „политиката на демонизација“ на партијата. Во 2015 година, таа го исклучи нејзиниот татко од партијата поради неговите антисемитски ставови.
„Никогаш нема да си простам за оваа одлука, бидејќи знам дека му предизвикав огромна болка. Тоа беше една од најтешките одлуки во мојот живот. И до крајот на мојот живот, секогаш ќе си го поставувам прашањето: „Дали можев да го направам тоа поинаку?“, изјави Ле Пен за локалниот весник, пренесува мондо.рс.