Жена(46) е пронајдена мртва во нејзината бања во Бразил неколку часа по операцијата на задникот, естетска процедура која ветува зголемување на големината.
Според зборовите на членовите на семејството, Адријана Барос Лима Лаурентино се пожалила на интензивни болки набргу откако била пуштена од клиниката каде и била извршена процедурата.
Зголемување на задникот е направено во саботата на клиниката Бодипластиа, во населбата Пина, во јужната зона на Ресифе. Според семејството на Адријана, процедурата ја извршил д-р Марсело Алвес Васконселос користејќи полиметил метакрилат, супстанца позната како ПММА.
Во интервју за ТВ Глобо, Рита де Касија Барос изјави дека нејзината братучетка Адријана водела здрав начин на живот, редовно вежбала и никогаш немала сериозни здравствени проблеми.
Според отпусниот список, Адријана починала од септичен шок (генерализирана инфекција) и инфекција на уринарниот тракт.
“Како може совршено здрав човек да умре по зафат, за неколку часа? Многу страдаме. Синот е во шок. Таа беше личност полна со соништа, се грижеше за себе. Таа скапа процедура го заврши животот на мојата братучетка.” коментира Рита де Касија .
Според братучетката на Адријана, таа само со синот споделила дека ќе се оперира. Деталите за операцијата беа откриени дури кога семејството му го превирило мобилниот телефон по нејзината смрт.
Регионалниот медицински совет на Пернамбуко (Кремепе) извести дека во клиниката била извршена итна проверка и дека одговорниот лекар не бил регистриран во Кремепе. Тој рече и дека местото каде што е спроведена процедурата не е соодветно за типот на интервенцијата што е извршена, пренесува телеграф.рс.