Легендарната фолк пејачка Лепа Лукиќ денеска го слави својот 85-ти роденден, а најблиските членови на семејството и пријателите и приредија изненадување.
Лепа ја искористи можноста да се дружи со медиумите, а откако зборуваше за својата долга и успешна кариера, се осврна и на темата за приватниот живот и откри која е нејзината единствена неостварена желба, пренесува телеграф.рс.
-Врапчињата знаат која е мојата неостварена желба, не сакам да го спомнуваат мајчинството. Господ ме спаси, којзнае каква гилиптера би родила. Се останато постигнав, дури и по 5-ти пат го добив златниот микрофон. Добив и повелба од Министерството за култура, нема награда што ја немам добиено – рече Лепа, а потоа ги спомна додворувачите.
- Додворувачите сега мируваат, сакам да се поздравувам со луѓе, не знам дали некој се заљубил во мене на оваа возраст. Што може да ми направи помлад, сега само повозрасен човек – рече таа.