Личните карти со старото уставно име ќе важат до датумот на важност и нема потреба да се менуваат, кажа денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
-Личните карти важат согласно важечки втиснат датум во нив и нема потреба да се менуваат. За личните карти не важи она правило за пасош и возачките дозволи. Уште еднаш ги повикувам полициските службеници да ги имаат предвид одредбите кои се дефинирани со закон. Според искуствата засновани на важечка лична карта, апсолутно е можно да се напушти Македонија во рамките на земјите со кои имаме билатерални договори со важечка лична карта. Наведеното известување може да стане неупотребливо доколку државата така одлучи во согласност со закон или акт. Сите важечки лични карти ќе можат да се користат во сите земји со кои имаме билатерални договори, изјави Тошковски.
Сепак, како што потесети министерот, пасошите и возачките дозволи се важечки со новото уставно име. Како што додаде Тошковски, нема притисок за добивање на пасоши и во голем дел граѓаните веќе добија нови патнички документи.