Стара содржина од 2001 година со ново видео кое деновиве го споделуваа членовите на ДУИ, каде лидерот Али Ахмети парадира во воена униформа, а во пораката вели „Никогаш не сум изгубил ниту една војна, бидејќи војниците ми го подарија мечот“. Покрај воинствените песни за ОНА и Ахмети, во видеото доминира неговиот воинствен говор од некој митинг.
Споделени се и други видеа внатре и фотографии на Ахмети во униформа на УЧК, неговите средби со политичари, што и сега можат да се видат по неговиот ФБ профил. Видеото е кратка верзија за документарниот филм за политичкиот живот на Ахмети, објавено пред една година, што и сега може да се види на официјалниот канал на ДУИ на Youtube. Во краткото видео даден е акцент на делот од 2001 година на Ахмети во униформа како командува со ОВК.
СДСМ побара Ахмети да излезе од националистичкиот филм, а ДУИ да не заборава дека Албанците во оваа држава сакаат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи.
Коментар за видеото беше побаран и од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
-Кога некој е кабает и тоа голем кабает, нормално е дека ќе пробува да дефокусира, да измислува теми кои не се тема, да наметнува прашања кои се затворени многу одамна. Ова само би го оценил како неуспешен обид за дефокусирање на јавноста од тоа што е реалност, а тоа е дека заврши времето кога криминалците не одговараа. Заврши времето кога нивните предмети се буткаа под тепих и дојде времето кога секој еден треба да се соочи со правдата“, одговори Тошковски.