Цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 6.1 %. Во споредба со ноември 2024, пак, цените пораснале за 0.6 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година, е забележан раст од 3.5 %.