Се вклучи алармот до здравствените власти по откривањето на втор потврден случај на вирусот метапневмонија (ХМПВ) во Солун, пренесува
Станува збор за сопругата на 71-годишниот, кој се лекува во болницата „Папаниколу“.
Според thesstoday, станува збор за 60-годишна бубрежно болна пациентка, кај која се појавиле симптоми и на 4 јануари била примена во болница.
Првично била хоспитализирана како случај на грип, но пред неколку дена била подложена на специјализиран тест и денес напладне било констатирано дека е позитивна на вирусот.
Претходно грчките медиуми објавија дека мажот се заразил од неговата ќерка која била во Кина на одмор, каде што во моментов постои епидемија на метапневмовирусот.