Со оглед на тоа што досега стори Иван Јордан ја завери листата за втор мандат за градоначалник на Штип, но што е со останатите градоначалници, дали веќе почнавте со имиња на увид?
Ова е новинарското прашање а премиерот Христијан Мицковски, штп денес му беше поставено на отворање на спортска сала.
-Па да, мислам дека Иван во Штип направи голема разлика со неговите претходници и очекувам така да продолжи во периодот пред нас, до почетокот на кампањата. Што се однесува до останатите кандидати во другите општини, вклучително и Штип, се уште како партија и коалиција не сме донеле одлука кои ќе бидат имињата. Во тек е внатрепартиската дебата. Веќе од општинските комитети се пристигнати предлози и имиња кои треба да се најдат на мерењата. Почнуваме во втората половина на јануари интензивно да мериме и во втората половина на мај очекувам веќе 90 проценти од имињата да ги соопштиме кои ќе бидат кандидатите од коалицијата „Твоја Македонија“, односно ВМРО ДПМНЕ, рече Мицкоски