Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денес на подрачјето на град Скопје каде по повод Христијанскиот празник Бадник ќе се одржат повеќе манифестации, известуваат од СВР Скопје.
-Ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по улицата„Петар Дејлан“, десно по улицата„Борис Трајковски“, лево по булеварот „Македонија“, во продолжение по улицата„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на улица „Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти, стои во соопштението.
Воедно, од СВР Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.