Н.А., која имала 24 години го управувала возилото „ауди“, кое пред два дена излета од патот кај селото Рашче, а во кое се наоѓале пет лица. Како што е познато, детенцето (5) испаднало од возилото, пренесено е во болница и е вон животна опасност. Останатите лица во возилото од семејството Арслани, кое падна во Вардар се починати.
Во оваа сообраќајка загинаа трите женски лица Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59) и мажот А.А )59), сите од едно семејство од село Грчец, Скопско.
-Во врска со сообраќајната несреќа од 02.01. 2025 година на локалниот пат Сарај- село Рашче во која што патничко возило марка „ауди” управувано од Н.А. (23) излегло надвор од коловозот и паднало во коритото на реката Вардар, на 03.01.2025 во 14,48 часот во коритото на реката Вардар, непосредно каде што беше извлечено ПМВ Ауди, беше пронајдено и безживотното тело на исчезнатото лице А.А., за што е запознаен надлежен ЈО, информираат од МВР