Денеска со голема гордност и радост ја споделуваме веста за завршувањето на експресниот пат Страцин – Крива Паланка. Овој проект беше започнат од СДСМ во 2018 година и над 90% од градежните работи веќе беа реализирани и завршени во средината на 2024 година, рече градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.
-Токму овој проект е круна на соработката помеѓу локалната и централната власт во изминатите години и сето она што беше третман и поддршка за граѓаните на Крива Паланка. Станува збор за стратешки проект и инвестиција којашто е важна за развојот на североисточниот регион и значително ќе придонесе во развојот и поврзаноста на економското поле и квалитетот на животот на Крива Паланка. Да не беа блокадите од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, овој проект ќе беше завршен уште во 2024 година. За жал само заради личните политички цели пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш го блокираа проектот преку Комисијата за финансирање и буџет којшто со месеци го кочеше новиот предлогот за законот за гранд вреден 14 милиони евра, рече тој и додаде:
-Сепак, денес зборуваме за нешто што е од голема важност за Крива Паланка, еве денес е целосно завршен патниот правец и граѓаните од утре ќе ги чувствуваат придобивките од политиките што во изминатиот период ги реализираше СДСМ. Со овој патен правец граѓаните од целиот регион ќе можат безбедно и побрзо да патуваат помеѓу Куманово и Крива Паланка, но и добиваме ново патно поврзување на едно од најкомплексните делници во североистокот. Добиваме поврзаност помеѓу Скопје и Софија, нешто што ќе влијае на развојот на трговијата и економијата, како и на развојот за локалната економија. Конечно, овој патен правец е граден по највисоки стандарди преку кои се избегнуваат многу црни точки, а добиваме и безбедност на патувањето на нашите граѓани и сите учесници во сообраќајот. Во мое име и во името на граѓаните на Крива Паланка се заблагодарувам до сите оние коишто беа дел од овој крупен проект, на претходната Влада и премиерите и директори на значајните државни претпријатија коишто беа носители на оваа активност и сите градежни работници, на надзорните органи и проектантите и на сите оние што беа вклучени во целосната изградба на овој експресен пат, рече Митовски.