Милош Мартиновиќ (38) и Мирко Вулетиќ (45), сопственикот на кафаната „Вестово“ каде почна новогодишниот масакр во Цетиње, загинаа заедно, а со години делеле, како што велат, корка леб во туѓина.
Милош, како и неговиот брат близнак Марко, со години возел автобус, а потоа во еден момент решил да има своја камионска и транспортна компанија. Така било, напредувал и со труд заработил корка леб. Потоа, пред некои две години решил да замине во странство да работи на брод – вели соговорник од Цетиње за курир.рс и додава:
-Марко беше тажен што се раздели од својот брат со кој беа многу блиски, но го поддржуваше во се. Но, Милош имаше и добар пријател Мирко во Малта, со кој ги делеше и добрите и лошите денови. Ја работеле истата работа и живееле заедно во сместување кое било за работници. Ништо не им било тешко бидејќи знаеле дека на овој начин ќе придонесат за своите семејства.
Како што подоцна тврдел соговорникот, никој не помислувал дека тоа ќе им биде последно дружење и дека ќе загинат од куршумите кои кон нив ги испукал Аца Мартиновиќ, кого добро го познавале.
-Тој ден се дружеа во кафеана, се беше во ред, додека убиецот не се „пребаци“ и по безопасна расправија отиде дома. Се вратил со оружје кое не било во негова законска сопственост и буквално почнал да ги убива веднаш од портата – објаснил за Курир.рс