За делото измама е пријавен С.А., кој се договорил, зел пар, но не и’ направил куќа на 45-годишна жена од Кочани. Секторот а внатршни работи (СВР) Штип соопшти дека на 02.01.2025 во 13.45 ч. во ПС ОН Кочани жена од Кочани пријавила дека била измамена од С.А..
-Според пријавеното, од октомври 2024 до денот на пријавување, по претходен договор дека за 22.000 евра ќе и ја направи куќата, во неколку наврати му дала вкупно 18.500 евра, но С.А. не ја направил куќата, соопшти СВР Штип.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.