Возилото кое излета во Вардар во близина село Рашче е извлечено и од него се извадени телата на три лица,информираат од ЦУК.
– Потрагата по можно четврто исчезнато лице продолжува. Засега од возилото се извадени телата на три женски лица. Потрагата по четвртото машко лице кое најверојатно од возилото излетало во водите на Вардар продолжува,се вели во информацијата од ЦУК.