Јавното претпријатие за државни патишта денеска соопшти дека 2024 година ја заокружи со остварен приход од над 66.5 милиони евра по основ на наплата на патарини.
Во споредба со 2023 година тоа се 270 милиони денари или над 4.32 милиони евра повеќе. Во однос на вкупната фреквенција на возила за 2024 година има 62.662.988 поминати возила со наплатени 99,2 %, соопшти ЈП ДП.
Во однос на претходните години, 2024-та е рекодна. Изнесувајќи податок за работењето на јавното претпријатите во 2023 година, претходниот директор Ејуп Рустеми соопшти дека 2023 година ја завршуваат „со рекорден приход од 62 милиони евра од патарини“.
„Тоа е 100 проценти зголемување на приходите од патарина за разлика од пред три години. Како споредба, во 2020 година од наплатени средства по основ на наплата на патарина остварен е вкупен приход во висина од 34 милиони евра, во 2021 година од над 46 милиони евра, во 2022 година износот е веќе над 53 милиони евра и оваа година (2023 н.з.) ќе ја завршиме со 62 милиони евра“, рече Рустеми.