На доделувањето на пригодните подароци на провото родено бебе во Кочани, раководството на Општата болница и Гинекошко-акушерското одделение од Кочани сподели неславни бројки. Во текот на 2024 година, во кочанската болница се родиле само 22 бебиња. Кочани, според Пописот од 2021 година има 31.602 жители.
Но, оваа бројка не одговара на бројот на новородени во текот на минатата година, бидејќи некои од поголемите кочански компании им плаќаат здравствено осигување на своите работени во приватните болници, најчесто во некоја од големите скопски болници.
Првото родено бебе оваа година е машко, родено на 1 јануари во 09.35 часот. Денеска на мајката на новороденчето Есенѓул Демирова и’ беа врачени традиционалните новогодишни подароци. Подарок доби и мајката на бебето, кое се роди на 31 декември.
Врачувајќи ги традиционалните подароци на бебето Семин и на неговата мајка Есенѓул, градоначалникот Љупчо Папазов им посака добро здравје и многу среќа, а упати благодарност и до персоналот што го изврши породувањето.
– Општа болница – Кочани ја испрати 2024 година со рожба женско дете, а Новата ја дочека со првороденото машко дете. На двете новороденчиња им посакувам добро здравје, мирно детство, да растат во благосостојба и радост. На граѓаните на општина Кочани им посакувам бројката на новородени деца да расте во 2025 година и да имаме пораст на наталитетот. На вработените во Општа болница им посакувам да имаат успешна работа, да се екипираат со потребниот персонал и да се грижат за здравјето на граѓаните на Општина Кочани и на соседните општини коишто гравитираат кон неа – изјави градоначалникот Папазов.
Подароци доби и мајката што го донесе на свет новороденчето на 31 декември.