По пример на главниот град на Србија, Белград и Скопје, но и останатите градови во Македонија кои имаат високо загадување на воздухот, може да ги ублажат последиците со поставување на филтри на оџаците на домаќинствата. Овој предлог доаѓа од активстите на О2 Иницијативата, кои гостуваат во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Татјана Чакулев претстави податоци од Државниот завод за статистика, според кои се урива митот дека индустријата е таа која со најголем процент го создава загадувањето на воздухот. Домаќинствата и згревањето на домовите со дрва и преработки од биомаса, се издигнаа на врвот на загадувачи, поради што, од 02 Иницијативаат сметаат дека субвенционирањето на поставувањто на филтри на оџаците може да биде добро решение за загадувањето.
-Овие филтри се поставуваат внатре ако може, ако не може, тогаш се поставуваат на оџакот надвор, работат механички. Има такви филтри, се изработуваат во Турција, а ги изумил и дијанирал Македонец. Но, нема организирано поставување на овие филтри, треба локалната самоуправа да преземе мерки или тоа да биде на централно ниво. Сме зборувале за оваа мерка. Ако се купи индивидуално, овој филтер чини 120 евра, ако е малку поголема продажбата цената паѓа на 100 евра, ако е уште поголема, на 50 евра, објасни Татјана Чакулев.
Како илустрација за изводливоста на оваа иницијатива, како шт образложи активистката, е примерот со Белград. Во Белград е објавен јавен повик за субвенционирање на филтри за 150.000 мали ложишта, бидејќи е утврдено дека е големо загадувањето од биомаса.
-Пресметката за Скопје, конкретно за во Град Скопје (сите општини) се околу 40.000 домаќинства. Тоа би чинело околу 2,5 милиони евра, со тоа што државата нема да ги субвенционира сите. Тоа би било врз основа на примањата на граѓаните и некои би се субвенционирале целосно, неку делумно, некои кои може да си платат, сами би си набавиле. Белград планира за 2025 и 2026 година да ги инсталира овие филтри. Тие се од лим, не се менуваат, одржување нема, само треба да се исчистат кога се тресат ќумците, изјави Чакулев.
Според 02 Иницијативата, кај нас проблем се и домаќинствата, кои се загреваат на пелети, бидејќи нема контрола на квалитетот на пелетите и најлошо е што и се гори и отпад, стари чевли и сл. што е многу опасно прво за семејствата, а после и за околината.
В.К.