Фолк пејачот Дарко Лазиќ конечно се смири со својата љубов, Катарина Лазиќ, со која ја доби ќерката Срна. Тие секогаш јавно на најдобар можен начин зборуваат за својата љубов, но сепак постои доза на недоверба, а доказ за тоа е и новата објава на пејачката на мрежите.
Катарина решила да го израдува својот сопруг со креативен, персонализиран подарок кој е и паметен трик за побрзо и подобро да ги оддалечи сите потенцијални љубовници на нејзиниот сопруг, секогаш кога тој ќе ја облече долната облека што таа му ја купила!
Дарко од својата девојка доби боксери со нејзиниот лик на нив, на централно, посебно место, што, се претпоставува, треба да ги исплаши сите потенцијални љубовници кои би сакале да ја соблечат и посрамотат сега скромната Лазиќ.
-Љубов, ти го носам подарокот – напиша Дарко, додека Каќа ја сподели и својата објава и дополнително се пошегува пишувајќи: „Одење на свирка“.