Патнички авион се урна во близина на градот Актау во казахстанската област Мангистау, соопшти Министерството за вонредни состојби на Казахстан. Според медиумските извештаи, во авионот имало најмалку 67 патници и пет члена на екипажот, пренесува МИА
По падот на патнички авион во Казахстан, кој патувал од Баку за Грозни со 72 лица, се појавија информации за причината за несреќата. Имено, како што пишуваат азербејџанските медиуми, авионот налетал на јато птици, пишува телеграф.рс.
✈️ Azerbaijani Airlines plane with '62 passengers and 5 crew members' crashed near the Kazakh city of Aktau
➡️ 6 passengers survive crash of Azerbaijani Airlines plane, says Kazakh Health Minister Alnazarova pic.twitter.com/aZ0MXOciyO
— Anadolu English (@anadoluagency) December 25, 2024
Подоцна се појави информација дека авионот бил пренасочен кон аеродромот во Махачкала поради густа магла, но дошло до несреќа на само три километри од аеродромот Акатау.
Генералниот конзул на Азербејџан во Акатау, Ајкан Сулејманли, изјави дека засега „не можат ништо да кажат“.
„Нашите вработени се таму, а јас сум на пат. Не можеме да кажеме ништо со сигурност. Не знаеме ништо во моментов“, рече тој.
Footage: Initial reports of a crash involving a passenger plane from Azerbaijan Airlines en route from Baku to Grozny, Russia, with 70 passengers on board.
The aircraft, 4K-AZ65, is an 11-year-old Embraer E-190.
– @ItayBlumental https://t.co/2nUXRqS7N8
— Irene Rusman (@irusman) December 25, 2024
На социјалните мрежи се појавија првите снимки од падот на патничкиот авион АЗАЛ во Казахстан, кој летал од Баку за Грозни. На лице место одекнала експлозија која во моментов ја гаснат голем број пожарникари.
Azerbaijan Airlines passenger plane flying from Baku to Grozny crashed in Aktau, Kazakhstan. pic.twitter.com/EnicqHcTGM
— Clash Report (@clashreport) December 25, 2024
Во гаснењето на пожарот во близина на градот Акатау, во Казахстан, учествувале 52 пожарникари и 11 противпожарни возила. За ситуацијата во моментов е загрижено Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, кое засега нема информации за жртви.
Според првичните информации, бројот на преживеани е поголем од 10. Првите повредени се примени во болница.
The preliminary cause of the crash of the aircraft of the #Azerbaijan|i company AZAL in #Kazakhstan was a collision with a flock of birds. According to preliminary data, there're 67 passengers & 5 crew members on the plane flying from Baku to Grozny/#Russia, 12 people survived. pic.twitter.com/t2WMy2uA84
— Karina Karapetyan (@KarinaKarapety8) December 25, 2024