Премиерот Христијан Мицкоски денес во Гази Баба беше запрашан и за тоа дали функционерските плати и во 2025 година ќе растат.
-Ќе растат сите плати, само не на функционерите. Правиме измена на законското решение со кое нема да има покачување на функционерските плати и ова измена ќе биде наскоро пред пратениците. Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати, но тоа право нема да го имаат функционерите. Ценам дека ова е исправен чекор и така ќе продолжиме да работиме и во иднина, рече Мицкоски