На новинарското прашање – дали во економско социјалниот совет се разговара и за ревизија на законското решение „недела неработен ден“ и ќе има ли ревизија воопшто, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши изјави:
„Имаме спротивставени страни. Работодавачите бараат да се укине недела неработен ден, но од другата страна ги имаме синдикатите кои бараат да остане така како што е. Одредени дејности на производителите, занаетчии, од коморите, бараат за одредени дејности ние да ги ослободиме од тоа недела да биде неработен ден, така да оваа тема се отвара во рамките на економско социјалниот совет, секој месец ќе одржиме по една седница и ќе видиме кои дејности треба да ги ослободиме за да можат да ги вршат своите задачи.
Одредени дејности во насока на работата треба да се ослободат за да можат и во недела да работат, но не и да се укине целосно недела како неработен ден. Да остане така како што е, но одредени дејности да ги ослободиме да можат да работат, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши во неделното интервју на Радио Слободна Европа.