Многу граѓани ги украсија своите балкони со новогодишни сијалички, а еден особено го налути соседот во Загреб на кој му пречеле трепкачките светилки од балконот на третиот кат од неговата зграда.
Тој рекол дека нема ништо против сијаличките, но дека поради трепкањето имал чувство дека полицијата постојано му е под прозорецот. Тој предупредил дека ќе го гаѓа балконот со стари јајца. Сето тоа заврши на Социјалните мрежи.
— Arsil (@arsagarson) December 16, 2024
-Извинете господа на третиот кат, но уште еднаш ве прашувам дали можете да ги намалите вашите доживувања со светлата. Исклучете ги светлата кога е време за спиење (барем исклучете ги да не трепкаат… не ми пречи ако се вклучени), но ова е како полициски патроли постојано под прозор. Последен пат те предупредувам, ако не ги исклучиш, ќе ти фрлам стари јајца на балконот, па ќе видиме кој ќе издржи подолго – напишал разлутениот сосед.