Во најновото издание на Стадион на Канал 77, гостуваше екс министерот за финансии Џевдат Хајредини, со кој се продискутира и за она околу што се крева многу прашина во последно време, Законот за употреба на јазиците. Вели дека не сегашната власт туку онаа на Али Ахмети е виновна за состојбата во која денес се наоѓа албанскиот јазик. Според него Ахмети лично бил наседнат од Заев во време на донесувањето на законот во 2018 година.
- Тој закон за јазиците беше донесен во 2018та, Заев знаел што ќе рече Венецијанската комисија, кои членови се противуставни, Ахмети не тогаш туку сега нашол да оди во Албанија да бара помош да го брани јазикот, тој е виновен лично. Го испрати во Венеција да го брани законот хирургот што е без преседан. Османи рече ќе го прилагодиме законот со подзаконски акти, не можат ниту правници а уште помалку хирург тоа да го рече, закон со подзаконски акти да се усогласи со Уставот, објаснува Хајредини.
Вели дека албанците со целата фама околу Законот за јазиците всушност го лажат албанскиот народ, праксата покажува многу поинакви искуства од она што се збори, посочува Хајредини.
- Не знаат ниту македонците, ниту ромите ниту турците албански, никој не зборува албански, а еден македонец во Дебар на пример може со сите да зборува на македонски, сите го разбираат, каде е тука рамноправноста. Со преводи и со натписи не се исцрпува правото на рамноправна употреба. Натписите се одлука, еден ден ги ставаш утре дента може да се нареди да се тргнат. Како секојдневниот службен јазик меѓу албанците и македонците на работа како ќе се разбираат, сите по еден преведувач да имаат како Али Ахмети. Албанците меѓу себе зборуваат албански но не можат да зборуваат на албански со ниеден неалбанец, вели Хајредини во денешното издание на Стадион.
Слушајте и гледајте Стадион со Џевдат Хајредини на Канал 77: