Проектот „Македонијо во срце те носиме“ заврши вчера со концерт во Филхармонија, на кој беа испеани над 15-тина песни посветени на љубовта кон државата, во придружба на оркестарот.
На сцената се појавија Наум Петрески, Зуица Лазова, Миле Кузмновски, Сузана Спасовска, Ламбе Алабакоски, ДНК, Александар Тарабунов, Огнен Здравкосвки, марија Спасовска, Мина Блажев и Бојана Скендеровски, во чија организација беше проектот.
Диригент беше Сашо Татарчевски, а преработките и оркестраците ги направи Николче Мицевски.
Секоја од песните беше пропратена со овации, аплаузи и задничко пеење на познатите рефрени како „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Молитва“ и други..
Од преполната сала концертот го следеа премиерот Мицкоски, претседателката Силјановска Давкова, министрите Тошковски и Љутков и други актуелни функционери.