Франческа Иствуд, ќерката на холивудската легенда Клинт Иствуд (94) и актерката Френсис Фишер (72) го привлекла вниманието на папараците во вторникот пред познатиот Шато Мармонт во Лос Анџелес, пренесува курир.рс.
Актерката драматично паднала додека го напуштала престижниот холивудски бар , неколку дена откако објави дека нема да биде гонета за нејзиното неодамнешно апсење за семејно насилство.
Облечена во бела блуза со отворен грб и патики, Франческа Иствуд најпрвин го напуштила барот насмеана, држејќи ја раката на својата пријателка по очигледно бурната ноќ. Меѓутоа, додека се обидувала да влезе во такси, ситуацијата станала драматична! Актерката се сопнала од ногата на својата пријателка која од непозната причина лежела на тротоарот и паднала на грб колку што е долга и широка.
Актерката била видно вознемирена и со болки додека ја држела главата по падот, а на рацете и се гледале раскрвавени лакти. Нејзината пријателка брзо и пришла на помош и и помогнала да стане, по што заедно влегле во такси и го напуштиле местото на настанот.