Спој на млади и исуство донесе настанот по повод одбележувањето на 5 Декември, Светскиот ден на волонтерите во Штип, во организација на Граѓанскиот ресурсен центар и ЗГ „Медиа плус“.
Низ разговор и работилница за млади волонтери беа презентирани искуствата и можностите за развој на волонтерството, но низ него и личниот развој на една млада личност.
Беше кажано дека има уште многу да се работи на заживувањето на волонтерството, што понекогаш наидува на пречки поради недокрај определни планови за развој во микро средините.
-Особено треба да се работи на организирање на волонтерската работа. Потребен е посистемстски приод, поорганизиран. Потребни се план и програма за работа на волонтерите по организациите и институциите, бидејќи волонтерите сакаат кога ќе дојдат некаде, да се почувствуваат дека се потребни, почитувани и дека вреди нивното ангажирање. Освен тоа, потребна е поголема промоција на доброволната работа, изјави Драгана Митровиќ од ЗГ „Медиа плус“ од Штип, дел од Граѓанскиот ресурсен центар.
Во текот на настанот, помладите низ разглични форми на активности учеа за волонтерството. Од друга страна, повозрасните, пак, споделија дел од долгогодишното и позитивни примери од волонтерски акции. Се работи за граѓански активисти, кои го продолжија своето добрововолно ангажирање за заедницата по искуството на некогашни младински работни акции.